Време-Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

- Македонија
394

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 31 степен.

Утре ќе биде сончево со мала облачност и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 32 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари