Време: Сончево со умерена облачност, студено и ветровито

- Македонија
550

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури на места ќе се спуштат и до 10 степени под нулата, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 10 степени. Утре ќе преовладува  сончево време со мала  со умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари