Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 31 степен. Слична временска состојба со високи температури кои што се значително над просекот за овој период од годината ќе се задржи и во текот на викендот.
Извор: УХМР
Facebook Коментари