Време: Сончево и топло време уште денеска, од утре следува значителна промена

- Македонија
939

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност.  Ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе биде поизразен во западните делови од земјава. УВ индексот ќе има вредност 6, а дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 35 степени. Од утре следува промена на времето. Во среда и четврток се очекува променливо облачно време со локален дожд и ретки грмежи. Во четврток се очекува пад на температурите за 10 степени, така максималната температура се очекува да биде 24 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари