Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во јужните делови од земјава ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневните температури ќе се движат во интервал од 31 до 40 степени. Во четврток и петок ќе преовладува сончево и многу топло време, а мало разладување со максимални 39 степени и можност за врнежи од дожд се очекува во сабота.
Извор: УХМР
Facebook Коментари