Студениот бран која ја зафати Европа значително се почувствува и кај нас и тоа со големиот пад на температурите на воздухот. Во текот на денешниот ден , температурите на места се пониски и за десет степени, споредено со вчера. До крајот на денот ќе се задржи претежно облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во источните и во јужните предели од државава каде локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог. Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее сосема слаб снег. Максималната температура денес ќе се движи во интервалот од 10 до 19 степени. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој на север и Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.
За време на викендот кој ни претстои ќе имаме променливо облачно и релативно свежо време со студени утра, ќе има и сончеви периоди кои во недела ќе ги има почесто. Наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. Исто така утре локално поради позначителната облачност не се исклучува можноста и за слаб локален дожд претежно во попладневните часоови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени утре и од 18 до 25 степени во недела.
Подготви: Славчо Попоски
фото: Strugaonline
Facebook Коментари