Време-Умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд

- Македонија
371

Денеска ќе преовладува умерено до значително облачно време со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на заподот од земјата. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините на северозапад од ноќта и изутрина со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари