Време- Умерено до значително облачно со можност за краткотраен дожд

- Македонија
420

Денеска ќе преовладува умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 25 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.

Facebook Коментари