Време: Умерено облачно со услови за дожд

Денеска во Македонија ќе преовладува умерено облачно време, во северните делови со услови за краткотраен попладневен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 17 до 31 степен. Утре ќе биде сончево со мала облачност и со слаб умерен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 34 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline

