Време: Во текот на денот сончево со облачност, кон крајот на денот студено со силен ветер

- Македонија
694

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста со слаби врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 15 до 23 степени.  Кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и брзо опаѓање на температурите. Во четврток ќе преовладува сончево и студено време со умерен до засилен северен ветер.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари