Денеска во западните делови од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во источните значително облачно со врнежи претежно од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови каде ќе досигнува брзина и над 65 км/час.
Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.
Утре ќе биде умерено облачно и студено. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен во источните делови и вдолж Повардарието. Претежно на планините ќе провејува слаб снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 12 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари