Време- Значително облачно со слаб дожд и студено

- Македонија
419

Денеска претпладне ќе биде значително облачно, во утринските и претпладневните часови ќе има повремен слаб дожд, на повисоките места и планините слаб снег, а можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 10 степени. Утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 9 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари