Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала, а во западните делови умерена облачност. На планините на северозапад ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 12 степени. Oд утре ќе следи затоплување и температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник се очекуваат максимални 15, а во среда 16 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари