Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 6. Дневните температури ќе се движат во интервал од 18 до 32 степени. Од петок започнува стабилизација на времето, во текот на викендот ќе имаме сончево време со умерена облачност и температури кои ќе бидат во константен пораст.
Извор: УХМР
Facebook Коментари