Временска прогноза: Променливо облачно и ветровито со максимални 18 степени

- Македонија
947

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, попладне со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 18 степени. Во четврток и петок ќе преовладува слично време како денешното со малку повисоки температури но со студени утра. Во четврток максималната дневна температура ќе го достигне 21-от степен, а во петок ќе биде потопло со максимални 24 степени.

Извор:УХМР

Facebook Коментари