Временска прогноза: Променливо облачно време со максимални 18 степени

- Македонија
794

Денеска во Македонија претпладне ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла и ниска облачност по одредени котлини. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18 степени.  Во петок ќе биде сончево со умерена облачност, а врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

Извор: УХМР

Facebook Коментари