Временска прогноза: Сончево со мала облачност – дестабилизација од утре

- Македонија
651

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува особено вдолж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневните температури ќе се движат во интервал од 33 до 37 степени. Утре се очекува променливо облачно време со врнежи од дожд и максимални температури до 31 степен. Во наредните денови ќе имаме сончево време со мала облачност и максимални 33 степени во одредени делови од Македонија.

Извор: УХМР

Facebook Коментари