Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува умерен јужен ветер кој во западните делови од Македонија повремено ќе се засилува, наместа се очекува да достигне и до 60км/h. Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 29 степени. Во текот на викендот облачноста ќе се зголемува, се очекуваат и врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. За време на викендот ќе има пад на температурите за околу 5 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари