Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб северостиочен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 8. Дневните температури ќе се движат во интервал од 25 до 33 степени. Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала облачност и температури кои ќе бидат во константен пораст. Утре попладне, е можна појава на краткотраен дожд во западните планински делови.
Извор: УХМР
Facebook Коментари