Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а на повеќе места повремено ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од 15 до 24 степени. Слично време ќе се задржи и во наредните денови, утрата ќе бидат студени, а во текот на денот ќе имаме потопло време со максимални 26 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари