Временска прогноза за овој викенд

- Македонија
1040

Денеска во Македонија ќе преовладува  сончево време со умерена облачност, ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Во недела се очекува сончево време со мала доумерена облачност и потопло. Попладне во северните делови од земјава се очекува зголемување на облачноста и појава на слаб дожд кој ќе биде почест на североисток. Утринската температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а дневната од 13 до 21 степен.

Од понеделник се очекува затоплување на времето.

Facebook Коментари