Денеска во Македонија претпладне ќе преовладува значително облачно време со слаб локален дожд, а во текот на ден ќе имаме сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува јужен ветер кој во јужните делови повремено ќе се засилува. Дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 29 степени.
Во текот на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и температури кои ќе достигнат и до 34 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари