Денеска во Македонија ќе преовладува значително облачно време со врнежи од дожд особено во претпладневните и пладневните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава. Ќе дува умерен, северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Дневните температури ќе се движат во интервал од 11 до 24 степени. И во наредните денови се очекуваат врнежи од дожд со осетен пад на температурите.
Извор: УХМР
Facebook Коментари