НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m2)
27 Попова Шапка, 26 Крушево, Пожаране, 22 Маврови Анови, 20 Тетово, 18 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Пожар-Радовиш, 13 Лазарополе, Претор, Гевгелија, 12 Берово, Велес, Куманово, 11 Крива Паланка, Прилеп, 10 Битола, Виница, Струмица, 9 Охрид, Штип, 7 Кавадарци, 6 Демир Капија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m2. Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари