ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне во западните делови променливо облачно, а во источните сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 24 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари