Лев банер Десен банер

Времето денес прoменливо облачно и нестабилно

Времето денес ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ=5

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.

Извор: УХМР

StrugaOnline

error: