Времето денес променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

- Македонија
83

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m2)

26 Крушево, 23 Маврови Анови, 14 Скопје-Петровец, 13 Охрид, Битола, 11 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, Претор, Тополчани, 7 Лазарополе, 3 Берово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Пожаране, 1 Тетово, Демир Капија.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари