Времето денес променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
15 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, Лазарополе, 5 Тетово, Пожаране, 4 Охрид.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m2) и засилен ветер (над 60km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степенa.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

