Времето денес променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

- Македонија
148

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-2 Берово, Попова Шапка, -1 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 3 Струмица, Крива Паланка, 4 Штип Крушево, Демир Капија, 5 Скопје-Петровец, Претор, 6 Битола, Виница, Велес, Прилеп, Охрид, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, 8 Тетово, 9 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 6 часа (во l/m2)

2 Попова Шапка, 1 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и силен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари