Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-6 Берово, -5 Скопје-Петровец, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, -3 Крива Паланка, Штип, Струмица, -2 Велес, Битола, Демир Капија, -1 Кавадарци, Прилеп, Виница, 0 Попова Шапка, Претор, Охрид, 1 Крушево, Маврови Анови, 2 Гевгелија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)
48 Попова Шапка, 42 Маврови Анови.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Малку до умерено облачно, а утрово по одделни котлини има појава на слаба магла и ниска облачност. Во западните делови, дуваше умерен, на планините повремено засилен ветер од југозападен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне студено со појава на слаба магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, наместа умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

