НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
27 Струмица, 24 Демир Капија, 20 Гевгелија, 14 Виница, 8 Штип, 7 Крива Паланка, 6 Прилеп, Куманово, Кавадарци, 5 Берово, 4 Битола, 3 Скопје-Петровец, 2 Велес, Крушево, Лазарополе, 1 Скопје- Зајчев Рид, Претор, Тополчани, Попова Шапка.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари