Сончево со умерена облачност, во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а макссималната од 16 до 22 степени.
Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Најсончево ќе биде во недела, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.
Извор: УХМР / StrugaOnline
Facebook Коментари