Христијанските верници денеска прославуваат втор ден од Воскресението Христово – Велигден. Оваа година и православните и католичките верници слават во ист ден.
Добрата вест за Христовото Воскресение беше објавена завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква.
Велигденска миса се одржа и во католичката црква Срце Исусово.
Велигден се смета за најголем христијански празник, денеска е неработен ден за сите граѓани во Македонија.
Facebook Коментари