За денеска е закажана првата екстракција на плазма, a овие денови почнува и т.н. озонска терапија

- Македонија
554
Од вчера во болницата „8 – ми Септември“ е пренесен апаратот за т.н. озонска терапија, озонирање на крвта, што е една метода која се користи за третманот на  пациенти со ковид 19, пред  сè за најтешките пациенти.
„Има публикации и искуства од други земји, врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата „8 – ми Септември“ направи детална анализа на навистина обемна литература и заклучи дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти така што од овие денови започнува и оваа апликација. Практично станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа истата се враќа во неговата циркулација. “ – информираше министерот Филипче.
За денеска  е закажана и првата екстракција на плазма, која исто така ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина
На редовната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче повторно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема.
„Има примери на граѓани, кои навистина се придржуваат до овие мерки, одржување на дистанца и носење на заштитна опрема за лице, маски, но има и слики по медиуми и мрежи, од граѓани, кои не се придржуваат до овие мерки. Сакам да напоменам дека е многу важно во овој период кога има зголемен број на часови дозволени за движење во текот на денот дека само со оваа мерка – носење на заштитна прекривка на устата и на носот или маска, ние може да ставиме крај на ширење на вирусот“, потенцираше Филипче.
Strugaonline

Facebook Коментари