Започна вакцинацијата на здравствените работници

- Македонија
440

Денеска започна процесот на имунизација во земјава.

64 годишната Примариус Д-р Добринка Наунова Јовановска и главната сестра на Инфективната клиника Габриела Темелковска се првите медицински работници кои ја примија вакцината на Фајзер против Ковид-19, а граѓаните имаа можност тоа да го проследат во живо на Fb страницата на министерост за здравство Венко Филипче кој објаснувајќи ја процедурата за имунизација рече дека при вакцинацијата на сите здравствени работници ќе им се одредува термин за примање на втората вакцина.

Филипче посочи дека нема да се вакцинира сега, затоа што смета дека со првите дози кои ги добивме од Србија треба да се имунизираат медицинските работиници кои рабпотат директно со ковид пациенти и се најизложени.

Министерот синоќа во интервју за Сител најави дека во март ќе имаме најмалку 20 до 30 илјади вакцини на Астра Зенека од КОВАКС механизмот, ќе ги имаме и кинеските вакцини, а дотогаш целосно треба да биде реализиран и договорот со Фајзер.

-Сите вакцини се целосно и комплетно безбедни. Имунизацијата е единствениот начин да постигнеме за што пократко време колективен имунитет.-потенцираше Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари