Започнуваат Струшките вечери на поезијата, денеска свечено засадување дрво во Паркот на поезијата, вечерва свечено отварање

- Македонија
468

Денеска во 12:00 ќе се одржи свечено засадување дрво во Паркот на поезијата, каде што дрво ќе засадат истакнатиот јапонски композитор и пијанист Кенсаку Таникава, син на годинешниот лауреат на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, како и специјалниот гостин, лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. 

Со почеток во 13:30 часот, пак, во Конгресната сала на хотелот „Дрим“, ќе се одржи и прес-конференција на која ќе присуствуваат директорот на СВП, Тодорче Тасевски, претседателката на Управниот одбор, Елизабета Шелева, Кенсаку Таникава, синот на годинешниот лауреат на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, како и лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. Лауреатот Шунтаро Таникава, поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици нема да биде во можност физички да присуствува на фестивалот, меѓутоа до македонската публика ќе се обрати со аудио-порака.

Фестивалот свечено ќе биде отворен вечерва, со почеток во 20:30 часот на летната тераса на хотелот „Дрим“.

Strugaonline

Facebook Коментари