Лев банер Десен банер

Затворски казни за обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села

На седумтемина обвинети за обид за убиството на пратеникот Зијадин Села, Кривичниот суд во Скопје им изрече затворски казни во траење од 10-13 години.

Четворица од обвинетите се осудени на 10 години и 6 месеци затвор, додека тројца обвинети добија по 13 години затвор.

На сите им се судеше за кривично дело обид за убиство, a претходно нивните aдвокати побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат докази дека се обиделе да го убијат Села.

Зијадин Села беше нападнат и тешко повреден во немирите во македонското собрание на 27 април 2017 година.

Извор:alsat-m.tv

фото: архива

error: