Здружението „Отворена порта“ распиша јавен повик за избор на најдобра новинарска статија

- Македонија
1416

Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘ распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата. Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна до 5 октомври 2017 до 24 часот, имаат можност да аплицираат за наградата.

Секој апликант може да поднесе една или повеќе статии објавени во периодот од 1 декември 2016 до 30 септември 2017 година.

Новинарските статии треба:  да ја обработуваат темата трговија со луѓе и да претставуваат автентично новинарско истражување спроведено од самиот автор;  да претставуваат синтеза од повеќе проверени извори , да имаат свое влијание врз јавноста/или да предизвикале општествена акција , да ги запазат етичките стандарди .

За најдобрите новинарски статии ќе бидат доделени парични награди од:  1 награда 450 евра,  2 награда 350 евра,  3 награда 250 евра.

Наградите ќе бидат исплатени во денарска противвредност. Еден примерок во изворниот формат и 2 копии да се достават во Отворена Порта најдоцна до 5 oктомври 2017 до 24:00 часот. По пошта или лично да се достават до: Отворена Порта, ул.„Сава Ковачевиќ“ 1а, 1000 Скопје или по електронска пошта на: [email protected]

Заинтересираните лица повеќе информации можат да добијат на: 02 2700 107 или на [email protected]. Контакт лице: Стојна A. Димишковска.

Strugaonline

Facebook Коментари