Земјотрес од 4 степени по Рихтер почувствуван во Дојран
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтер претпладново го погоди Дојран. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри источно од Дојран на длабочина од 2 километри.

Инаку, претходната недела неколку послаби земјотреси беа почувствувани во Охрид и Скопје.

