Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 31.8.2018 година во 09 часот и 12 минути регистрирше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.4 чиј епицентар се наоѓа во соседна Р. Грција.
Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Facebook Коментари