„Златна бубамара на популарноста“ ги награди најдобрите за 2019-та

- Македонија
898

Во одлична атмосфера, синоќа во А1 Арената во Скопје се одржа 23-то издание на најпопуларната манифестација во Македонија, „Златна бубамара на популарноста”. Водителот Сашко Коцев повторно ја насмеа публиката, а наградени беа најдобрите во сите културни области, кои постигнаа успех во изминатата 2019 година.

Ова е целосниот список на награди:

Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека

Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика

Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)

Пеачка на годината – Тамара Тодевска

Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)

Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)

Најсатирична емисија – Фчерашни новости

Трајни музички вредности – Електрични оргазам

Театарска претстава – Мој термин (МНТ)

Актер на годината – Јордан Симонов

Актерка на годината – Тања Кочовска

Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга

Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски

Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис

Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија

Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Животно дело во областа на филмот – Столе Попов

Награда за прва труба – Џамбо Агушев

Најголем интернационален успех – Медена Земја

Амбасадори на македонската култура – Танец

Спортски успех – РК Вардар

Музички Продуцент – Мите Димовски

ТВ актерка – Јелена Јованова

Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)

Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)

Трајни музички вредности – Галија

Пеjач на годината – Влатко Лозаноски

Извор и фото: Златна Бубамара на популарноста

Facebook Коментари