Зоран Заев си поднесе оставка од двете функции

- Македонија
532

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ по  втор круг од локалните избори.

– Во името на СДСМ им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на oвие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ, изјави Заев на прес-конференција.

Тој истакна дека останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.

– Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири, додаде Заев

Тој  не најави  кој би го презел раководството во партијата и челната позиција во Владата.

Заев е претседател на СДСМ од 2013 година. Партијата има и заменик-претседател, Сања Лукаревска, и четворица потпретседатели Мила Царовска, Венко Филипче, Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски.

Facebook Коментари