Руски сенатор тврди дека тајните служби на НАТО го организирале убиството на амбасадорот

- Вести, Свет
641

„Убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов било испланирана акција“, тврди сенаторот Франц Клинцевич, заменик-претседател на Комисијата за одбрана и безбедност на горниот дом на рускиот парламент, пишува Independent.

ambasador-putin

Карлов беше застрелан од турски полицаец за време на отворањето на уметничка изложба во Анкара.

Сенаторот Франц Клиневич тврди дека тајните служби на НАТО стојат зад убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов и дека станува збор за планирана акција.

„Сите знаеја дека тој треба да присуствува на изложбата. Обиди да се повреди Ердоган можат да дојдат од ИСИС или од курдската војска. Но, можно е – и многу е веројатно – дека претставници на странските тајни служби на НАТО стојат зад ова. Тоа што се случи е чиста провокација, предизвик. Тоа е предизвик за Русија“, рекол Клинцевич.

 

Извор: Охрид 24

Facebook Коментари