100.000 евра за информација за осомничениот за нападот во Берлин

- Свет
501

Полицијата објави детали за физичкиот изглед на Тунижанецот чии документи беа пронајдени во камионот, со предупредување дека се работи за опасно и вооружено лице.

teroristi

Германското обвинителство распиша награда од 100.000 евра за информација која би довела до апсење на Тунижанецот Анис Амри, главниот осомничен за нападот на бoжиќниот панаѓур во Берлин. Во меѓувреме продолжува потрагата, а припадниците на специјалната полиција претресле два стана во берлинската населба Кројцберг. Германскиот весник Велт, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави дека истражителите биле уверени дека тој се наоѓа во еден од овие станови, но не е пронајден.

Полицијата објави детали за физичкиот изглед на Тунижанецот чии документи беа пронајдени во камионот, со предупредување дека се работи за опасно и вооружено лице. Во полициската архива се наоѓаат шест различни имиња кои Амри ги користел, обидувајќи се повеќепати да се претстави како Еѓипќанец и Либанец. Од јуни му се заканува депортација, но тоа било одложено во очекување на документи од Тунис. Семејството на Амри во Тунис е во невереување дека цела Европа трага за него.

Медиумите наведуваат дека тој можеби е повреден во борбата со полскиот возач на камионот, кој по нападот е пронајден мртов во возилото. Истражителите се уверени дека камионот бил украден во понедленикот попладне.

За нападот засега одговорноста ја презеде Исламската држава, соопштувајќи со посредство на својата новинска агенција Амак, дека тоа е “одговор на повиците да се земат на нишан граѓаните на земјите членки на коалицијата”.

Facebook Коментари