21 лице загинаа во италијанскиот хотел, затрупан од снежна лавина минатата недела. Спасувачките екипи ги извадија останките на уште три лица кои загинале, кога лавина затрупа хотел во централна Италија минатата среда, пренесоа агенциите, повикувајќи се на противпожарната служба, со тоа вкупниот број на жртви достигна 21, единаесет лица преживеаја, а четири лица остануваат исчезнати.
Италијанското обвинителство започна истрага за трагедијата. Лавината го затрупа планинскиот хотел по снежни бури и неколку силни земјотреси. Многу гости на хотелот сакале да си заминат пред трагедијата, но не успеале, бидејќи патот бил блокиран од снегот.
Facebook Коментари