Лев банер Десен банер

37 лица загинати во урнат турски авион во Киргистан

turskiavion

Турски товарен авион утрово се урна во Киргистан врз неколку куќи, при што загинаа 37 луѓе.

Авионот летал од Хонг Конг, а се урна во близина на аеродромот, кој е на 25 километри од главниот град, соопштија властите во Киргистан.

Во несреќата се оштетени околу 15 објекти, а меѓу жртвите има и многу деца. Летот TK6491 требало да застане во Киргистан на патот кон Истанбул.

error: