39 жртви во ноќен клуб во Истанбул

- Свет
933

 

Најмалку 39 лица загинаа откако напаѓач пукал во исполнет ноќен клуб во Истанбул, за време на новогодишната ноќ.

Нападот се случил во 1:30 минути по полноќ по локално време, додека напаѓачот сè уште се наоѓа во бегство информираше турскиот министер за внатрешни работи, пренесе Би-Би-Си.

napad-istanbul

„Потрагата по терористот е во тек. Се надеваме дека напаѓачот ќе биде фатен многу брзо. Ова беше масакар. Навистина нечовечка суровост“, – изјавил министерот Сулејман Сојлу, додавајќи дека според нивните сознанија напаѓачот дејствувал сам.

Од полицијата информираа дека најмалку 15 од загинатите се странски државјани, додека уште 69 луѓе завршиле во болница, 4 од нив во сериозна состојба.

Претходно, медиумите информираа дека напаѓачот носел облека на дедо мраз, но новите снимки од безбедносните камери го покажуваат осомничениот напаѓач во црн капут пред ноќниот клуб. Министерот Сојлу, на пресконференцијата, наведе дека напаѓачот веројатно го напуштил клубот во друга облека.

Facebook Коментари