Александар Вучиќ e победник на претседателските избори во Србија

- Свет
1157

Сеуште актуелниот српски премиер и лидер на владеачката СНП, Александар Вучиќ е новиот претседател на Србија, откако убедливо ги победи против кандидатите на изборите во неделата, освојувајќи речиси 56 отсто од гласовите на избирачите.

На изборите покрај Вучиќ учествуваа уште 10 кандидати, Саша Јанковиќ, поранешниот народен правобранител добил 15,5 отсто, а Љука Максимовиќ познат како Љубиша Прелетачевиќ-Бели добил 9,4 отсто од гласовите.

Во своето прво обраќање пред јавноста, новиот српски претседател рече дека ќе биде претседател на сите граѓани, без разлика дали гласале за него или за некој од другите кандидати.

Facebook Коментари