Американски воздушни напади во Сирија – петмина убиени и седуммина повредени

- Свет
1080

Пет убиени лица и седуммина повредени е епилогот од  воздушните напади на САД врз база на ВВС во централниот дел на Сирија. Гувернерот на Хомс, Талал Барази изјави дека помеѓу загинатите има тројца војници  и двајца цивили. Во својата изјава тој додава дека не очекува значителен раст на бројот на жртвите.

Командата на сириската армија ги евакуирала повеќето воени авиони од базата, пред таа да биде нападната од САД, објави либанската телевизија „Ал Мајадин“.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека најмалку четворица војници, вклучувајќи и еден генерал, се убиени во американскиот ракетен напад, кој речиси целосно ја уништил сириската база на ВВС во близина на градот Хомс.

Facebook Коментари