Експлозија на петарди разнела цела населба: 31 загинат на пазар во Мексико

- Свет
522

Ова е трет пат за нешто повеќе од 10 години експлозија да го погоди популарниот пазар “Сан Паблито”, кој се наоѓа на околу 30 километри северно од Мексико Сити.

eksplozija-pirotehnika

Најмалку 31. лице загинало, а 70 биле повредени во низа експлозии кои одекнале на еден од најпознатите мексикански пазари за пиротехника во северното предградие на Мексико Сити, соопштиле денес службениците. Ова е трет пат за нешто повеќе од 10 години експлозија да го погоди популарниот пазар “Сан Паблито”, кој се наоѓа на околу 30 километри северно од Мексико Сити. Локалните власти наведуваат дека меѓу повредените има и деца со изгореници на повеќе од 90 проценти од телото, пренесува Reuters.

eksplozija-pirotehnika-2

Властите истакнуваат дека ќе ги пронајдат и казнат одговорните и ќе им дадат финансиска помош на луѓето кои останале без своите најблиски. Канцеларијата на федералниот генерален обвинител отворила истрага, а во соопштението се наведува дека на пазарот одекнале шест експлозии. Од службата за вонредни ситуации наведуваат дека недостатокот на безбедносни мерки е најверојатна причина за експлозиите. Во несреќата биле уништени повеќе од 80 проценти од штандовите, како и околните куќи. Медиумите во Мексико јавуваат дека при експлозиите на пазарот имало 300 тони огномет. На снимките емитувани на локалната телевизија Milenio, се виделе експлозии со големи количини на огномет, додека огромен облак од чад се надвил над пазарот на отворено.

Оган го проголтал истиот маркет и во 2005. година, кога таму избиле низа експлозии пред обележувањето на Денот на независноста на Мексико, уништувајќи стотина штандови. Пожар од такви размери избил во Сан Паблито и во септември 2006 година. Многумина во Мексико традиционално ги прославуваат празниците, вклучувајќи ги и Божиќ и Нова година, наведува AP.

Facebook Коментари